Се запалила куќа во Илинден, маж се повредил додека бегал

by fokus

Синоќа околу 21.00 часот на улицата „8“ во населба Илинден избувнал пожар во куќа сопственост на 36-годишниот Д.Т. Како што соопштија од полицијата пожарот најверојатно настанал од проводник на електрична енергија.

„Од пожарот оштетен бил кровот на куќата и мал дел од покуќнината во поткровјето. Братот на пријавителот М.Т. (31) при напуштање на куќата се самоповредил (повреда на левиот скочен зглоб). Екипа од Бригадата за противпожарна заштита целосно го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден“, велат од МВР.

Поврзани новости