Се запалија 3 автомобили во Аеродром

by Фокус

Три возила се запалени рано утринава на улица Венјамин Мачуковски во Скопје. Нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Прво се запалил автомобил „рено меган” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(34) од село Р`жаничино, скопско, а потоа биле зафатени и  „пежо” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Џ.(33) и „мазда 3″со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40), двајцата од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.

Поврзани новости