Едно лице загина, а неколку други се повредени во пожар што избувна на товарен брод северно од холандските западнофризиски острови, соопшти холандската крајбрежна стража.
Товарниот брод превезувал 3.000 автомобили од Германија до Египет.
Спасувањето на 23 членови на екипажот е во тек. Неколкумина од нив скокнале во водата, но ги пронашла крајбрежната стража, јавува Ројтерс.
Како што јавуваат холандските медиуми, прво се запалил електричен автомобил, а пожарот брзо потоа се проширил.
Холандската крајбрежна стража потврди дека најмалку еден член на екипажот загинал, а неколку други се повредени во пожарот.
fire on board the ship Fremantle Highway, the ship is on fire off the #Dutch island of Ameland. few crew members jumped into the water and were rescued. the boat was on its way from Bremerhaven in Germany to Port Said in Egypt, with some 3,000 cars on board. #boatfire #RESCUE pic.twitter.com/ysPLTOnfOO
— Mulder photography📸🎥🇳🇱 (@Gerco1985) July 26, 2023