565
Пожар изби вечерва во фабрика за пластични маси и дрвен мебел во Ѓорче Петров. Противпожарни екипи се на терен и успешно се справуваат со огнот кој е веќе ставен под контрола.
Во исто време гори сува трева и лозје во близина на селото Ајватовци. Во моментов се презема се за да не се прошири пожарот околу индустриската зона Бунарџик и населените места.