Се замрзнуваат цените на тоалетната, влошките, влажните марамици и пелените

by Fokus

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека станува збор за „тоалетната хартија, влажните марамици, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки“.

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои биле во трговија во мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши.

„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 год, цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ би се движела од 111,8 денари до 241,9 денари, а главно повеќе од сите овие производи повеќе од 85% се увезени во нашата држава. За влажни марамици во просек цената се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година каде имаме царинска ставка ОД 6% И не е вклучено ДДВ. За пелени цената се движи 36 денари по парче до 1600 ден по кутија со бројни пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, рече министерот Бектеши.

Тој кажа дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.

„Зошто го напоменувам ДДВ, за жал во собраниска процедура од 12 месец имаме законско решение за овие производи да се решат дадолгорочно во делот на намалување на ддв од 18 на 5% и ден денес не е свикана комисија за финансирање и буџет се со цел да се усвои тоа законско решение“, додаде министерот Бектеши.

 

Поврзани новости