Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и мало на 10 групи на производи или над 1000 прехрамбени и непрехрамбени производи, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
„Пет отсто бруто профитна маржа на основниоте производи: млеко, леб, брашно, јајца, масло за јадење, јогурт, 10 отсто ограничување на 55 прехрамбрени производи, месо, шеќер, путер, грав, ориз и тестенити, и ограничување на 15 отсто бруто профитна маржа на зеленчукот, бебешките производи, пелени, сапун, тоалетна хартија. Анализата на ДПИ покажа дека трговците на мало и големо пресметуваат бруто профтина маржа на основните прозводи во висина од 20-25 отсто, а од 20-50 отсто во трговијата на големо. Се задолжува овие производи да бидат 70 отсто присутни на рафт“, рече Ристески.
Втората одлука на Владата е за утврдување на највисоки цени односно оние цени кои важеле на 1 февруари 2025 година. Двете одлуки стапуваат на сила откако ќе бидат објавени во службен весник. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек за 10 отсто, додека основните производи ќе останат на исто ниво односно да имаат минимално намалување.
Ограничените маржи ќе траат до крајот на април.