435
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа во Сремска Митровица уапсија четиринаесетгодишник од Лачарк, поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.
Постои сомневње дека на социјалните мрежи објавил фотографија од осомничениот за убиството на осумте деца и обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека ќе го стори истото.
Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица, соопшти српската полиција.