Се вршат претреси во Судскиот совет

by Fokus

Полицијата врши претреси во Судскиот совет.

Според првичните информации до кои дојде „Фокус“, се прават контроли за постапувањето на членовите во дел од предметите.

„Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело“ информираа од Јавното обвинителство.

Ваквата акција доаѓа по најавите од Владата за реформи во правосудството.

Дел од оние кои се членови на Судски совет се истите тие кои изгласа апелацискиот судија Енвер Беџети да не биде разрешен поради чување во фиока на предметот „Таргет-тврдина“. Беџети помина само со казна – намалена плата.

 

Поврзани новости