РЕК Битола и Хотелот Молика започнуваат постапка за повторно отворање на мензата во РЕК Битола. На денешниот работен состанок договорени се сите неопходни чекори што треба да бидат преземени со цел работниците во РЕК Битола повторно да имаат топол оброк.
„За нас, работниците се најважни. Тие го носат товарот на производството и заслужуваат квалитетни услови за работа. Топлиот оброк се враќа во РЕК Битола, мензата повторно ќе ги отвори вратите за над 2.200 вработени во комбинатот кои секој ден го даваат својот максимум во справувањето со енергетската криза во земјата. Вложуваме во нова механизација, нови автобуси, нов рудник, нова опрема…Инвестираме и во повторно отворање на мензата на задоволство на сите вработени во РЕК Битола, рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.