Се враќа дневната евтина тарифа од декември, не се зголемува цената на струјата

by Fokus

Oд 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата, соопшти СДСМ.

„Институциите предводени од СДСМ во изминатата грејна сезона, во услови на криза и неизвесност, покажаа капацитет и покрај црните сценарија на опозицијата немаше рестрикции, ниту скок на цената на струјата.

Значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, со сериозни инвестиции во обновливи извори, кои со енергија од македонското сонце, ветер и вода, ја заштитуваат животната средина и ги намалуваат сметките на граѓаните.

Покрај новоотворената фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк Стипион, изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над милијарда евра, ветерниот парк Вирови“ соопштија од партијата.

 

Поврзани новости