Се враќа бесплатниот железнички превоз воведен од Груевски

by fokus

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови  од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

Бесплатен превоз за студенти секој четврток.

И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

-Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, велат од Владата.

Ваква слична  мерка со бесплатен железнички превоз во одредени периоди од месецот беше воведена за време на Владата на ВМРО ДПМНЕ предводена од сега азилантот во Унгарија, Никола Груевски.

Поврзани новости