Нов брз воз кој ќе овозможи патување од Берлин до Париз за осум часа ќе започне со работа во декември, објавија претставници на германскиот железнички оператор Дојче Бан.
Патувањето меѓу главните градови на Германија и Франција ќе биде нон-стоп, а возот ќе застанува само во Франкфурт, Стразбур и Карлсруе.
Со возот заеднички ќе управуваат Deutsche Bahn и францускиот оператор SNCF.
– Ова е прва дневна директна врска меѓу главните градови на Германија и Франција, а воедно е и симбол на растечка Европа – изјави извршниот директор на Дојче Бан, Мајкл Петерсон.
Со него се согласи и генералниот директор на SNCF Ален Краковиќ.
– Оваа нова врска е уште еден доказ за француско-германското пријателство и придонесува за заедничката цел на нашите две земји: поголема мобилност без јаглерод диоксид – изјави првиот човек на француската компанија, пренесува Дојче веле.
Возот ќе тргнува од Берлин во 11:54 часот, а во Париз ќе пристигнува секој ден во 19:55 часот.
Поаѓањето од Париз е планирано за 9:55 часот, а пристигнувањето во Берлин во 18:03 часот.
Почетната цена за билет за воз од втора класа ќе биде 60 евра.