Се влоши здравствената состојба на Бора Чорба

by Fokus

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72), фронтменот на култниот бенд „Рибља чорба“, моментално се наоѓа во болница во Љубљана, каде се бори со тешка пневмонија и влошување на хроничната опструктивна белодробна болест.

Според неговиот менаџер Бане Обрадовиќ, лекарите прават се што е во нивна моќ да му ја пружат потребната медицинска помош. Семејството на рокерот е информирано за неговата здравствена состојба, а јавноста наскоро ќе биде информирана за деталите.

– Состојбата му се влоши… Има хронична опструктивна белодробна болест, лекарите прават се што е во нивна моќ. Семејството е информирано за се – изјави Обрадовиќ за „Информер“ и додаде дека наскоро ќе има повеќе детали.

Бора Ѓорѓевиќ пред три дена беше итно задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови. Неговата здравствена состојба се влошила, а лекарскиот тим одлучил да му забрани патување и вежбање, за да се посвети на закрепнувањето.

На официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ објавено е соопштение за здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ, што предизвика голема поддршка од фановите. Исто така, јавноста почна да шпекулира за неговата здравствена состојба, но менаџерот на групата апелираше на трпение и истакна дека Бора ќе закрепне и ќе продолжи со музичките ангажмани.

Во меѓувреме, јавните личности ја изразија својата загриженост за здравјето на рокерот, а неговите колеги и пријатели испратија зборови на поддршка и желби за брзо закрепнување.

Ситуацијата со Бори Ѓорѓевиќ привлече големо внимание во јавноста и предизвика лавина реакции.

 

Поврзани новости