Музичарот Горан Папаз се вери со својата избраничка Наташа Атанасовска, која по професија е адвокат. Ми ја дадоа убавинава, напиша тој под фотографиите од настанот кој се случил во интимна атмосфера, со најблиските.
Папаз кој по потекло е од Охрид, по професија е саксофонист. Беше член на групата „Суперхикс“ од 2009 до 2013 година, во времето кога излезе албумот „Африка”.
Во постаро интервју за „Фокус“ раскажа дека кога имал пет години во нивната куќа во Охрид летувал музичарот Зоран Џорлев, кој го забележал неговиот талент. Пред да си оди и оставил аманет на мајка му да го запишат во музичко училиште кога ќе дојде време.
Во 2019 година, кога во Македонија престојуваше папата Фрањо, Папаз беше гостин на црковната музичка група „Агапе” и тие се претставија со три композиции пред него.
За настапот пред папата, тогаш ни изјави дека тоа е одлично искуство за него, како и награда за изминатиот труд, но и голем мотив за понатаму.
Горан е татко на малиот Дамиан, кој го има од првиот брак.
Вики Клинчарова