Германец се вакцинирал 90 пати против Ковид-19 за да продава вакцинални пасоши

by Fokus

Шеесетгодишен маж се вакцинирал во Германија десетици пати против Ковид-19 за да продава лажни картички за вакцинација со реални броеви на вакцини на луѓе кои не сакаат самите да се вакцинираат.

Германецот од градот Магдебург, чие име не е објавено во согласност со германските правила за приватност, примил до 90 вакцини против Ковид-19 во центрите за вакцинација во источната покраина Саксонија во текот на неколку месеци, сè додека криминалната полиција не го привела овој месец.

Осомничениот  е под истрага за неовластено издавање на вакцинални картички и фалсификување документи.

Тој беше фатен во центарот за вакцинација во Ајленбург, Саксонија, кога се појавил за да прими вакцина против Ковид-19 втор ден по ред. Полицијата одзеде неколку празни картони за вакцинација и поведе кривична постапка.

Засега не е познато каков ефект имаале околу 90-те вакцини врз личното здравје на мажот кои биле од различни производители.

Поврзани новости