Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледала и усвоила информацијата за евалуацијата на проектите и програмите во Министерството за култура во првата половина од годинава при што е договорено Министерството за култура во рок од пет дена да побара вонредна ревизија од Државниот завод за ревизија.
Владата го усвои и Предлогот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, којшто, како што се наведува во соопштението, предизвикува нерамноправен односи и третман на уметниците во Македонија.
Владината прес- служба денеска соопшти дека усвоен е и Предлогот за измени и дополнувања на Законот за културата по скратена постапка. Со измените, како што се посочува, ќе биде заштитен Буџетот на РМ од штетните менаџерски договори на раководни лица во културните институции.
На седницата усвоен е и Предлогот за именување и дополнување на законот за употреба на македонскиот јазик со којшто во Македонија се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори, прекината во 2013 година.