Се уште трае состанокот на Главниот штаб, се подготвува акцискиот план за кризната состојба

by fokus

Се уште трае состанокот на Главниот штаб, предводен од директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, а на кој треба да се подготви акцискиот план за кризната состојба.

Една од опциите која се разгледува е дали поранешната болница Мала Богородица- Систина да стане ковид центар за прием на нови заразени пациенти. Овој предлог дојде по состанокот на министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев и „Ремедика“.

Хотелот, односно поранешната гинекологија на Систина, се наоѓа во Тафталиџе, во трговскиот центар Олимпико и во моментот не се користи поради затворањето на хотелите.

Поврзани новости