Се уште траат преговорите во Брисел: Ќе има ли конечен договор?

by Фокус

Политичките лидери од власта и опозицијата, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мехдух Тачи се уште преговораат во Брисел со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан, во обид да постигнат конечен договор за излез од политичката криза, во која земјава падна по објавувањето на аферата со прислушувањето.

Откако пред неколку дена во Скопје сите се сложија да се оддржат предвремени парламентарни избори до април следната 2016 година, според информациите што ги објавија дел од медиумите, политичките водачи во седиштето на ЕУ преговараат околу типот и карактерот на владата што ќе ја води државава во таканаречениот транцизиски период до изборите.

Дел од неофицијалните информации говорат дека Груевски се согласил изборите да ги организира техничка влада, но таа да има мандат од 3 до 6 месеци пред изборите (тоа да биде решено со измени на Изборниот законик во насока дека лидер на владејачка партија не може да биде премиер во време кога се организираат избори), што би значело дека тој ќе остане на оваа функција уште извесен период.

Од друга страна, пак, истите информации велат дека и покрај тоа што му биле понудите министерствата за внатрешни работи, финансии и транспорт и врски, Заев не отстапува од неговата позиција актуелниот премиер веднаш да поднесе оставка и да дозволи преодбана влада да има подолг мандат од 3 до 6 месеци, бидејќи потребен е подолг период за да се отстранат сите слабости што оневозможуваат фер и демократски избори.

Уште од лидерските средби во Клубот на пратеници познато е дека Ахмети и Тачи се поблиску до позициите на Груевски отколку на Заев, а се шпекулира дека и денеска ја задржале истата линија на делување, настапувајќи со став оти евентуалното брзо повлекување на премиерот може да ја дестабилизира Македонија.

Поврзани новости