Седум дена трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница. Информациите се дека тој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома.
Случајот бил пријавен кај надлежните на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница, како и граѓани.
– Денес од 10 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново. Во случај и денес ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник Регионалниот Центар за управување со кризи ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито што поминува покрај самото село. Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални информации, согласно развојот на потрагата – информираат денес од Центарот за управување со кризи.