Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор.
„Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво, но не постои финален договор, што е и нормално, бидејќи се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Меѓутоа, има разговори со цел правење коалиција со политички партии кои имаат исти вредности, кои делат иста визија за државата, а тоа е Северна Македонија членка на ЕУ, наспроти други политички партии коишто застапуваат некакви алтернативни решенија, рече Ковачевски.
Ковачевски најави отворање на промотивна канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје, од каде ќе ги започнат поконкретните активности.