Се уште нема поднесено пријава за пожарот кај манастирот на Тоше во Крушево

by fokus

На почетокот на ноември, минатата година, околината на омиленото место на нашата поп икона Тоше Проески, манастирот Св. Преображение во Крушево, беше зафатена од голем шумски пожар.

Огнените јазици опустошија над 150 хектари шума, а критично беше во вторникот кога пожарот стигна речиси до самиот манастир, а локалното население заедно со војската и јавните претпријатија го спасија манастирот, кој беше едно од омилените места на поп-иконата Тоше Проески.

И по четири месеци од пожарот, се уште нема пријава за причинителот на пожарот.

„Од извршените проверки во Одделението за внатрешни работи Крушево  досега нема поднесена пријава и за настанот има осомничени лица. Во соработка со ОЈО Прилеп се преземаат мерки за расчистување на случајот“, не информираа од СВР Битола.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости