Сè уште нема конечен став за отворањето на границите и аеродромите, истакна Сугарески

by Fokus

Владата сè уште нема став околу отворањето на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Визер“ да ги суспендира летовите до Македонија до 13 јули.

„Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките кои ги дава Комисијата за заразни болести, ние разговараме и постапуваме по нив, и како штаб, а и во Владата. Во моментот сè уште немаме конечен став околу отворањето на границите и аеродромите. Очекувам овие денови, штом Комисијата го постави тоа прашање на дневен ред, да се разговара на седница на Кризниот штаб, по што Владата ќе донесе одредени одлуки, доколку тие треба да бидат донесени“, истакна Сугарески.

 

 

Поврзани новости