Сè уште не се знае дали ќе продолжи седницата за избор на претседател на Собранието

by Fokus

Доколку денеска до Собранието биде доставен предлог со потписи од најмалку 20 пратеници, би можело да се очекува претседавачот Талат Џафери, кој воедно треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом да закаже продолжение на конститутивната седница.

Сите пратенички групи неофицијално се известени дека продолжение на седницата би можело да биде закажано денеска на пладне. Но, неизвесно е дали ќе се одржи продолжение на конститутивната седница и нема официјални информации дали се собрани потписите за избор на претседател на Собранието.

Во текот на вчерашниот ден имаше разговори меѓу пратеничките групи, но дел од медиумите пишуваа дека проблемот е меѓу пратениците на ДУИ поради поделбата на ресорите.

Поврзани новости