48
Деветнаесет-годишната А.М. од Неготино, за која нејзината мајка на 31-ви јануари пријавила во неготинската полициска станица дека се оддалечила од домот, и по девет дена, се уште не е пронајдена.
Веста за девојката која без мобилен телефон се оддалечила од домот и е пријавена за исчезната, за ,,Фокус” ја потврдија од СВР Велес.
Од таму истакнуваат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а службениците започнале со потрагата веднаш по пријавувањето.
Исто така, од СВР Велес изјавија дека не е достапна фотографија од исчезнатата девојка, без да се прецизира која е причината за тоа.
Вики Клинчарова