Се уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември

by Fokus

Се уште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Се уште не е донесена одлуката дали по 15 септември топланите ќе работат на приоден гас или на дизел, но топлинска енергија ќе има редовно, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Тој нагласи дека секоја топлана, вклучувајќи ја и ТЕ-ТО која е когенертивна постројка во приватна сопственост, треба да има алтернативно гориво освен она кое го има како главно гориво за производство на топлинска или на електрична енергија.

– Алтернативно гориво може да биде екстра лесно, мазут или, пак, дизел или бензин. Моментално топланите работат на природен гас и главно 70 отсто од потребите за топлинска енергија се покриваат од страна на ТЕ-ТО. Другите 30 отсто, а во одредени денови и до 40 отсто, се покриваат од топланите Исток и Запад, посочи Бектеши.

Поврзани новости