139
Се уште не е изготвен обдукцискиот наод за 14-годишната Вања Ѓорчевска и не е доставен до обвинителството од каде што потврдуваат.
Велат дека се во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина, а во интерес на истрагата не се соопштуваат повеќе детали за анализите и проверките кои се прават.
-Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат.
Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од Обвинителството.