Министерството за образование и наука соопшти дека годинава, за разлика од минатите години, во првиот уписен рок не се пополнети 100% местата во скопските атрактивни гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование само во „Никола Карев“ и во „Георги Димитров“ во Скопје.
Во првото пријавување запишани се вкупно 4.606 ученици во гимназиско образование и 8.235 ученици во стручно образование, информираат од МОН.
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до полноќ и на 29 јуни до 10 часот.
Во првото пријавување вкупно се пријавија 16.007 ученици од кои 11.205 ученици за настава на македонски наставен јазик, 4.474 ученици за настава на албански наставен јазик, 322 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во првото пријавување вкупно се запишаа 12.996 ученици од кои 9.655 учениици за настава на македонски наставен јазик, 3.101 ученик за настава на албански наставен јазик, 234 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик.