329
Пожарот на Галичица е еден од активните во земјава, кој се уште гори и покрај целодневните обиди за ставање под контрола.
„Пожарот на Галичица се гасне цел ден со два воздухоплова и кон Стење-Лескоец на Преспанската страна и на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарската куќа. Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики, а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор како и шумски пожари“, велат од ЦУК.
Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 19 часот беа регистрирани 37 пожари на отворен простор, од кои во 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.