407
Шест лица, меѓу кои четири деца, загинаа вчера кога бурни ветрови го урнаа металниот покрив на основно училиште во северниот дел на Тајланд.
Официјални лица објавија дека 18 лица се хоспитализирани, јавува Асошиејтед прес.
Како што наведоа, загинал еден родител, хигиеничарката во училиштето и четири деца.
Учениците побарале засолниште од невремето под покривот на центарот за специјални активности во училиштето, кој се урнал, соопшти канцеларијата за заштита од природни катастрофи во провинцијата Фишит.
Метеоролозите претходно предупредија дека обилните дождови ќе ги погодат северните делови на Тајланд оваа недела, а понеделник беше официјалниот почеток на сезоната на дождови во јужноазиската земја.