Жителите на улица во Лондон се евакуирани откако се урна зграда, што предизвика потрага по преживеани во урнатините.
Службите за итни случаи беа повикани во Глостер Драјв, северен Лондон, денеска околу 12 часот по дојава за делумно уривање на зграда.
Додека полицајците ги евакуираа околните жители, областа беше темелно пребарана и беа користени беспилотни летала во обид да се најде некој заробен во урнатините.
Засега не е познато што го предизвикало уривањето на дел од зградата.
Еден 31-годишен сосед рекол: „Само слушнав силен звук и зградата во која живеам се затресе како да има земјотрес. Беше многу страшно. Кога погледнав низ прозорецот, целата зграда се урна“.
Damages from the house that collapsed next to our block and our flat shook as if it was an earthquake!!!! Firefighters are attempting to find any person inside the house as we don’t know if workers are inside! #londonfirebrigade pic.twitter.com/DvCRQfPCX9
— Queen A (@QueenA12282970) June 24, 2023
На местото на инцидентот се најдоа околу 60 пожарникари кои продолжија да бараат евентуални жртви и да се осигураат дека остатокот од зградата нема да се урне.