719
Украински авион се урнал за време на „технички лет“ во јужниот дел од Украина и има жртви, соопштија локалните власти.
Како што соопшти воената управа во регионот на Запорожје, авионот АН-26, кој претставува воен транспортен авион, бил управуван од украинските вооружени сили, а се урнал денеска наутро во областа Вилнија кај Запорожје.
Околностите за несреќата се проверуваат и повеќе информации се очекуваат подоцна во текот на денот.