Зграда на средно училиште во Романија денеска се урна, а се сомневаат дека четири деца се затрупани под урнатините и се уште се трага по нив.
Површината на образовната институција наречена „Тамаси Арон“ во романскиот град Одореи Секуеску, која се урна, изнесува 200 метри квадратни, јавува ТВ Обсервер.
Романските медиуми посочуваат дека на местото на настанот има две противпожарни возила, две екипи на брза помош, камиони, контејнер за депонирање отпад и три екипи за итна помош.
Според информациите, досега се спасени три лица.
„Едниот е свесен, другото е полусвесен, а третиот е во тешка состојба и сите се пренесени во болница. Три деца се уште се под урнатините. Децата се на возраст од околу 16, 17 години“, изјави градоначалникот Алина Марија Коботариу.
Несреќата се случила во објект кој служи како средношколски интернат, а се наоѓа во сопственост на училиштето.