Синови тепаа мајки во Тетово и кај Бит Пазар

by irena 13:35
13:35

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Џ.(23) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Како што информираат од МВР, на 03. август годинава, по претходна расправија, пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.

Доцна синоќа, пак, во 22:30 часот во СВР Скопје, 68 годишна жена пријави дека на 22. овој месец во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Б.М.(47) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести