Се урна руски авион во Авганистан, летал од Индија кон Москва

by Fokus

Во северниот дел во Авганистан изминатата ноќ се урна авион „фалкон 10“ запишан во централниот регистар на Русија, а според првите информации, во него биле шест лица, четири членови на екипажот и двајца патници, пренесува руската агенција „Интерфакс“.

Авионот прекинал да комуницира на 20 јануари вечерта, додека бил во воздушниот простор на Авганистан, блиску до границата со Таџикистан.

- Advertisements -

„Според првите податоци, во авионот биле шест лица, четири членови на екипажот и двајца патници“, се наведува во соопштението на Федералната агенција за воздужен сообраќај на „Телеграм“.

Потрагата по леталото е во тек. Авионот летал од Индија, а крајната дестинација била Москва.

Поврзани новости