Се урна мост на реката Радика

by fokus

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти денеска АМСМ меѓу другите информации за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста беше намалена до 10 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поврзани новости