Се урна хеликоптер во Грција

by fokus

Приватен хеликоптер, во кој освен пилотот се превезувале уште две лица, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба, Никос Лагадианос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, истакна дека според првичните информации, во хеликоптерот имало три лица, пилотот кој е Грк и двајца патници – странски државјани.

Хеликоптерот тргнал од месноста Галатас наспроти островот Порос, а крајната дестинација бил атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Лагадианос наведе дека во акцијата на грчката крајбрежна служба на местото каде што се урна хеликоптерот, пронајдени се остатоци, но не и кабината.

Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас.

По падот на хеликоптерот, на островот во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Поврзани новости