56
Две лица загинаа, а 12 се повредени откако се урна зграда во одморалиште во Мајорка, Шпанија.
Полицијата и пожарникарите се упатиле на местото на настанот каде што се урна таванот на клубот Медуза Бич во популарното место за одмор – Плаја де Палма.
Сликите од местото на настанот покажуваат голем број возила за итни случаи околу клубот, вклучително и неколку противпожарни возила.