Се урна дел од фитнес сала во Кина – три лица загинаа

by Fokus

Три лица загинаа, а едно е полесно повредено кога се урна дел од фитнес центар во округот Хуанан, североисточна кинеска провинција Хејлонгџијанг, соопштија локалните власти.

На местото на несреќата имало вкупно седум лица кога во понеделникот вечерта под тежината на снегот се урнал дел од салата во градот Џиамуси, јавува Кинеското меѓународно радио (CRI).

Несреќата се случила во понеделникот вечерта, по неколку студени денови со врнежи од снег.

Властите соопштија дека го привеле одговорното лице за салата и не соопштуваат повеќе детали.

Сè уште не е јасно што го предизвикало уривањето на структурата.

Истрагата е во тек.

Поврзани новости