Се уништија околу 20.000 вакцини донација од Бугарија, на кои им е поминат рокот, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека е многу тешко со сигурност да се каже во која насока ќе се движи епидемилогијата, но сепак мора да бидат спремни.

„Ние не можеме сите болници да ги претвориме во ковид центри, има пациенти кои имаат потреба и од други здравствени услуги. Затоа мораме да преземеме мерки, со цел повеќе граѓани да се вакцинираат, со оглед на тоа што 80 посто од хоспитализираните се невакцинирани, истакна Филипче.

Тој додаде дека сите вакцини, на кои им поминува рокот се уништуваат.

„Се уништија дел од бугарските вакцини, кои беа донација. Тоа е вообичаена недела пракса, за тие кои им истекува рокот. Се уништија околу 20.000 вакцини, а се тоа чинеше 200 денари, додаде првиот човек во здравството.

Поврзани новости