411
Ковид-протоколите во предучилишните установи во земјава престануваат да важат во согласност со предлозите од Главниот координативен кризен штаб, кои беа прифатени од Владата, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Според одлуките на Владата, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост.