474
Владата на денешната седница почнала постапка за укинување на обврската таксистите да имаат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик, информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Тој информираше и дека Владата е против поскапувањето на цената на водата и ќе и предложи на Регулаторната комисија да ја преиспита оваа одлука.