420
Се удавил маж на плажата „Лагониси“ на Халкидики, Грција додека се обидувал да го спаси својот 8-годишен син кој ветерот го однел кон отворено море.
Како што соопшти крајбрежната стража, во 11:30 часот, 48-годишен маж бил извлечен од морето во безсознание.
Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот кој бил на душек, а силниот ветер го носел кон отворено море.
Момчето било спасено со чамец, ама таткото не успеал да преживее.
Тој бил извлечен од морето и пренесен во болница, каде што само била констатирана смрт.