Се удави 19-годишен Македонец во Грција

by valentina 10:12
10:12

Трагичен инцидент се случи на централната плажа во Ханиоти, на Халкидики. Според пишувањата на грчките медиуми, животот го загубил 19-годишен државјанин на Македонија. Тој се удавил во морето.

Според извештајот на волонтерот-спасител и член на EAC, Јоанис Т. Колокитас, момчето доживеало срцев удар по давењето, при околности што сè уште не се целосно разјаснети.

Локалниот спасувач веднаш реагирал, а со помош на капачите, момчето било извлечено од водата. Следела итна реанимација, во која бил користен и автоматски надворешен дефибрилатор (AED).

Екипа на итната медицинска помош ЕКАБ пристигнала брзо и ја продолжила реанимацијата, но, и покрај сите напори, не било можно да се спаси животот на момчето.

Тоа било префрлено во Здравствениот центар Касандрија, каде што лекарите подоцна ја констатирале смртта.

Слични вести