Мажот кој вчера после полноќ во Велес среде улица заедно со жена, физички нападнаа и ограбија велешанец, денес е лишен од слобода. По неговата партнерка пак, се уште се трага.
Како што за ,,Фокус” информираат од СВР Велес, приведеното лице Е.К. е на возраст од 39 години, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. За идентитетот на жената која заедно со него учествувала во уличниот грабеж, се уште нема детали, а истрагата била во тек. Нема информации и околу тоа дали разбојничкиот пар е во љубовна или роднинска врска.
Веста дека во Велес се случил уличен грабеж, при кој 33-годишен маж првин бил физички нападнат од маж и жена, а потоа му бил одземен паричникот, наиде на реакции во градот. Јавноста не се сеќава некогаш во минатото жена да учествувала во таков вид на кражба, па парот беше споредуван со американските криминалци Бони и Клајд, кои оперирале како пар.
Вики Клинчарова