94
Жена од Кавадарци на возраст од 40 години е пријавена во полиција за исчезната од вчера. Како што информираат од СВР Велес, станува збор за лице со здравствени проблеми, и потрагата по неа се уште трае.
Исчезнувањето на 40-годишната А.М. вчера во 19.30 часот во ОВР Кавадарци го пријавил нејзиниот сопруг, 51-годишниот Б.М.
Според СВР Велес, тој пријавил дека неговата сопруга се оддалечила од домот на нејзините родители во кавадаречко Сопот, и се превземале мерки за нејзино пронаоѓање.
Исто така, од таму до медиумите не доставија опис на исчезнатата жена, ниту пак нејзина фотографија, со цел за нејзино полесно препознавање, односно пронаоѓање.
Вики Клинчарова