Автомобил „БМВ“ со косовски таблички попладнево паднал во реката Лепенец, откако претходно се судрил со друг автомобил, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Еден човек е спасен, додека по тројца негови сопатници сѐ уште се трага“, велат од МВР.
„Денес околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП ‘Блаце’ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил ‘Фолксваген’ со скопски регистарски таблички, управуван од Б.Б. од Скопје и автомобил ‘БМВ’ со косовски регистарски таблички, управуван од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во ‘БМВ’-то, покрај возачот, имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ ‘8 Септември’, а по останатите тројца се трага, додаваат од полицијата“, соопшти МВР