390
Единаесет лица се водат како исчезнати по пожар во викендичка во источна Франција, објави Би-Би-Си.
Речиси 80 пожарникари се испратени во пожарот во градот Винценхајм, блиску до границата со Германија, откако службите за итни случаи беа алармирани во 6:30 часот по локално време денес.
„Се чини дека започна во имот што го користи една добротворна организација за сместување млади луѓе со посебни потреби“, објави Би-Би-Си.
Најмалку едно лице е пренесено во болница, откако 17 биле евакуирани.
Фото: АФП