656
Земени се брисеви и се тестираат родителите и бабата на четиригодишното дете кое е заразено со корона вирусот. Ова на прес конференција го соопшти министерот Венко Филипче.
Детето кое се заразило во градинка во Англија, по пристигнувањето во Македонија, заедно со своите родители биле во самоизолација.
Филипче рече дека иницијалните информации се дека тоа бил кругот во кој се движеле и ја почитувале самоизолацијата, но и дека ќе се направат дополнителни испитувања.