1K
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за новостите околу ситуацијата со корона вирусот во Македонија.
Тој посочи дека 12 пациенти се тестираат за евентуално присуство на корона вирусот на Клиничкиот центар во Скопје.
Како што истакна тој, од нив двајца се со знаци на грип, осуммина се граѓани на Дебар, кои биле соседи на пациентите кои се позитивни на корона вирусот и уште двајца пациенти од Штип.
На Инфективната клиника, додаде тој, се седум пациенти кои се со стабилна и лесна клиничка слика и нема потреба од механичка вентилација.