Се судрија велосипедисти на Партизанска во Скопје, двајцата завршија во болница

by Fokus

МВР информира дека синоќа вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од бул. „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од П.В.(32) од Битола и К.П.И.(39) од Богданци.

По несреќата, двајцата велосипедисти биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости